• +38978415058
  • +38978415058
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • FREE TO PLAY TOGETHER

    ERASMUS SPORT – SMALL COLLABORATIVE PARTNERSHIP

    The project “FREE TO PLAY TOGETHER” aims to promote sporting activities for children and young people in particular in order to facilitate socializing, volunteering in sport and the education of good practices regarding sports, lifestyle and proper nutrition. In particular, the project wants to pay special attention to promoting the social inclusion of people with disabilities, through their participation and equal access to sports.  The most important goal is to support and develop a concept of ​​sports without limitations of age or physical condition.

    The project wants to fully pursue the European Union’s goals in the field of sports (in particular the Action Plan “Pierre de Coubertin”, through which the White Paper proposes targeted actions), through the creation of a network  between key stakeholders, promotion, detection, the sharing of good practices, awareness-raising activities on the value of sport and physical activity, in relation to personal development. “FREE TO PLAY TOGETHER”, in addition to the above objectives, aims to dissolve the barriers that separate the able-bodied from the disabled, teaching participants how to live in one’s body in a conscious way, to know and control their emotions and motor skills, enabling them to develop relationships with people and the environment, transfer skills and open up to new knowledge.

  • ПРОЕКТ "ОТКРИЈТЕ ЈА БИСЛИМСКА КЛИСУРА"

    Носител на проект : Спортски младински клуб Динамик 

    Партнер на проект: Планинско велосипедски клуб Оксижен

    Овој проект е спроведен од страна на Спортски младински клуб Динамик,Куманово кој се спроведува во рамките на" Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)", која е финансирана од Европската Унија, а ја спроведува "Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП)".

     Главната цел на проектот е да се подобрат туристичките потенцијали и да се промовираат регионалните вредности на Бислимска Клисура и поконкретно да се работи на (1) воведување нови можности за туризам и подобрување на квалитетот на услугите и (2) развој на маркетинг активности за привлекување на повеќе домашни и странски туристи. Руралниот туризам совршено се вклопува во современите трендови кај странските патници, кои бараат автентични, уникатни искуства и локални животни стилови.

    Проектот ќе го поттикне понатамошниот раст на туризмот со тоа ќе се мотивираа поголем број туристи да го посетат регионот на Бислимската клисура,

    Фокусот на проектот е развојот на руралниот туризам во Македонија преку фасилитирање на усвојувањето на напредни стратегии за онлајн маркетинг,идентификување и мапирање на потенцијални патеки долж клисурата како и обука на туристичките оператори на територија на општина Куманово. Проектот предвидува развој на онлајн платформа за маркетинг на постојната понуда за рурален туризам во земјата, како и активности за идентификување и мапирање минимум една патека.

    Активности кои што ќе се спроведуваат во тек на проектот се следни:

    • Истражување, идентификување и мапирање на најмалку една патека
    • Креирање и дизајнирање на веб платформа за промоција на Бислимската клисура
    • Подготвување на висококвалитетно видео во кое ќе бидат прикажани убавините на клисурата
    • Спроведување на обуки
    • Подготовка на туристички водич
  •          

    Проект "Планинска велосипедска трка “MTB Kучково”

    Носител на проект : Планинско велосипедски клуб Оксижен

    Во рамките на програмата за поддршка и сочувување на континуитетот на традиционалните спортски манифестации за што постои интерес кај граѓаните и што се во интерес на развојот на спортот во градот Скопје за подобрување на квалитетот на живот кај населението од С.Р.М преку спорт и здрави животни навики, велосипедски клуб Оксижен ќе организира спортски настан, планинска велосипедска трка “XCO Кучково” во близина на крстот во с. Кучково Скопје. 

    Оваа манифестација e спортски настан од забавен, рекреативен и натреваручки карактер и ќе вклучи организација на планинско велосипедска трка за професионални возачи од земјава и од странство и трка која ќе биде наменета за сите вљубеници во овој спорт. Овој спорт во нашата земја станува се популарен и привлечен за сите оние кои сакаат да спортуваат. На оваа активност ќе се даде најголемо внимание на привлекувањето на поголем број на рекреативни велосипедисти со цел да допринесеме на масовноста на овој настан.

  • ПРОЕКТ: „ СПОРТОТ – ТЕМЕЛ ЗА ЗДРАВА И АКТИВНА МЛАДИНА “

    Носител на проектот: Спортски младински клуб Динамик

    Партнер на проектот: Планинско велосипедски клуб ОКСИЖЕН

    Проектот се финансира во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), финансирана од Европската Комисија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите Нации.

    Општата цел  на овој проект е популаризација на спорт особено планински спортови (планинарење, трчање, велосипедизам и извидништво) со што ќе се придонесе кон зголемена заинтересираност, мотивираност и едуцираност на младите за придобивките во учество во спортски активност и активно спортување. Со имплементација на овој проект преку спортот како моќен инструмент ќе ги поттикнеме младите за поактивно учество во физичките активности, а со тоа ќе придонесеме кон кон подобрување на физичкото и менталното здравје и промовирање на здрава и правилна исхрана.

  • „Велосипедизмот и спортскиот дух – здрави животни навики во современото живеење “

    Планински велосипедски клуб Оксижен  започнува со имплементација на проект насловен „Велосипедизам и спортскиот дух – здрави животни навики во современото живеење“ финансиран од Европската Комисија. Проектот се финансира во рамки на Оперативната програма за акција за Поддршка на граѓанските организации, 2015, Инструмент за претпристапна помош.

    Општата цел на проектот е севкупно подигнување на свеста на младата популација на општина Куманово за придобивките од активно спортување, јакнење на спортскиот дух , градењето на здрав животен стил, промоција на планински спортови како и зголемување на физичките активности кај децата и младите – нивно поттикнување за користење на велосипедот како превозно средство но и како начин за спортско надградување. 

                              

© 2024 Oxygen Cycling Club. All Rights Reserved. Powered by MOL