Проект "Планинска велосипедска трка “MTB Kучково”
Носител на проект : Планинско велосипедски клуб Оксижен
Во рамките на програмата за поддршка и сочувување на континуитетот на традиционалните спортски манифестации за што постои интерес кај граѓаните и што се во интерес на развојот на спортот во градот Скопје за подобрување на квалитетот на живот кај населението од С.Р.М преку спорт и здрави животни навики, велосипедски клуб Оксижен ќе организира спортски настан, планинска велосипедска трка “XCO Кучково” во близина на крстот во с. Кучково Скопје.
Оваа манифестација e спортски настан од забавен, рекреативен и натреваручки карактер и ќе вклучи организација на планинско велосипедска трка за професионални возачи од земјава и од странство и трка која ќе биде наменета за сите вљубеници во овој спорт. Овој спорт во нашата земја станува се популарен и привлечен за сите оние кои сакаат да спортуваат. На оваа активност ќе се даде најголемо внимание на привлекувањето на поголем број на рекреативни велосипедисти со цел да допринесеме на масовноста на овој настан.