Велосипедскиот тим на Оксижен се состои од регистрирани УЦИ натпреварувачи како и од рекративци од сите возрасти. Во последниве неколку години велосипедскиот клуб Оксижен како напреварувачки клуб со своите регистрирани натпреварувачи е прогласен за најдобар планинско велосипедски клуб од страна на велосипедската федерација на Македонија. Во клубот членуваат скоро сите шампиони во различните категории во планински велосипедизам како и шампионките во дисциплина друмски велосипедизам.