• +38978415058
  • +38978415058
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Младинска школа

ВК ОКСИЖЕН

МЛАДИНСКА ВЕЛОСИПЕДСКА ШКОЛА

Велосипедскиот клуб Оксижен е формиран 1997 година и е најстариот и најтрофејниот планинско велосипедски клуб во Македонија. Во клубот членуваат државните шампиони во сите категории на планински велосипедизам како и државните шампиони во друмски велосипедизам во женска категорија. Организатори на бројни натпревари како на национално така и на меѓународно ниво како што се балканскиот шампионат во планински велосипедизам, УЦИ натпревари и настанот FMB World Tour.

 Категории:

- ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ (КРОС КАНТРИ, СПУСТ, БМХ)
- ДРУМСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ






              



ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

КРОС КАНТРИ

Возраст 5-10 години

Младите велосипедисти ќе бидат запознаени со основите на возењето, техники на возење, движење во сообраќај, надминување на препреки како на асфалтирани така и на офф роад патеки.

  • Тренинзите ќе се одвиваат два пати неделно во времетраење од 60 до 75 мин во текот на неделата или викенд.
  • Трошоци: Месечно 1000 денари и годишна членарина од 1000 денари за членство во клубот.
  • Инструктор Анита Величковска повеќeкратен шампион на Македонија во друмски и планински велосипедизам.



ПЛАНИНСКИ И ДРУМСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

НАТПРЕВАРУВАЧКА КАТЕГОРИЈА

Возраст 11-16 години

Велосипедистите тренираат самостојно со надзор и тренинг програма на назначен тренер/тутор и учествуваат на трките во рамки на државното велосипедско првенство како и на останати натпреварувања во нивна категорија.

  • Тренинзите ќе се одвиваат во текот на неделата и викенд 4-6 пати во времетраење од 1 до 2 часа.
  • Трошоци: Годишна членарина од 1000 денари за членство во клубот.
  • Инструктори: Анита Величковска и Филип Петровски повеќратни шампиони на Македонија.

***Младите велосипедисти кои не сакаат да се натпреваруваат а се на возраст од 11 до 16 години може да
се запишат во групата под наслов планински велосипедизам и да одберат планински или друмски тренинг.



ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

БМХ/СПУСТ (скејт парк, плаза, памп трак)

Возраст 8-16 години

Тренинзите ќе се одвиваат со соодветни велосипеди согласно програмата и индивидуалниот напредок од основни до напредни вештини на различни локации.

  • Тренинзите ќе се одвиваат два пати неделно во времетраење од 60 до 75 мин.
  • Трошоци: Месечно 1500 денари и годишна членарина од 1000 денари за членство во клубот.
  • Инструктори: Најдобрите БМХ и спуст велосипедисти во Македонија.

***Помлади велосипедисти е исто така можно по претходна проверка за нивните способности.



Дополнителни информации!

  • Во текот на месецот можни се дополнителни активности во зависност од можностите и времето.
  • Сите велосипедисти за периодот на тренинг ќе добиваат дополнителни совети и едукација околу велосипедите, нивните делови како и околу исхраната, нутриционизмот, суплементацијата и физичката спремност.
  • Велосипедискиот клуб Оксижен ќе обезбеди помош со совети и попусти при набавка на вело опрема.
  • Во случај да постојат трошоците за дополнителните активности и учество на трки не се вклучени.
  • Сите тренинзи се под надзор на искусни и стручни велосипедисти натпреварувачи.
  • Зимскиот период се одвиваат базни тренинзи и тренинзи за физичка спремност.



За повеќе информации и прашања слободно контактирајте не на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , fb://mtboxygen или на тел: 078415058 Анита Величковска.

ПРИЈАВИ СЕ: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. fb://mtboxygen

ПРВ РОК: 15.11.2019 ВТОР РОК: 15.03.2020


© 2024 Oxygen Cycling Club. All Rights Reserved. Powered by MOL