Здружението на граѓани Оксижен претставува непрофитна организација формирана во 1997 година со седиште во Скопје а исто така е регистриран и како спортски велосипедски клуб во рамки на Македонската национална велосипедска федерација. Во клубот членуваат рекреативни велосипедисти. лиценцирани УЦИ натпреварувачи како и сите оние кој го подржуваат и го сакаат велосипедизмот, природата и здравиот живот. Основна цел на Оксижен е развојот на велосипедизмот и здравите навики како и што поголема вклученост на младите во спортот. Континуирани активности на Оксижен во текот на годината вклучуваат организирање натпревари, рекреативни возења, водење групи на туристи, учество на професионални натпревари како и учество на разни проекти на ЕУ, (еразмус, локална самоуправа итн) УСАИД, Светска Банка .