Еден од најголемите светски авантуристи и пионер на авантуристичкиот туризам, Ричард Бангс заедно со својата екипа, во почетокот на овој век престујуваше во Македонија, како гостин на Exploring Macedonia-национален туристички портал, со цел да открие и прикажи на светот дел од убавините со кои располага оваа мала земја. Меѓу останатото еден ден поминаа по патките за МБ на Бистра во Маврово. Нивни водичи беа токму членови на клубот Оxygen. Целата екипа а посебно г-ин Бангс беше импресиониран квалитетот на МБ патеките како и од целата природа. (Види видео).