Пролетта е дефинитивно во воздухот и полека излегуваме од зимата и студените денови, иако Март може да не изненади со уште некој студен ден, но со сигурност знаеме дека не очекуваат многу повеќе сончеви денови и уживање во времето поминато на велосипед.
Подолу се дадени два предизвици за месец Март. Откако ќе завршите со едното или другото, испратете слика на https://www.facebook.com/cyclingcluboxygen / @mtboxygen, може да ни дадете некои детали за вашите возења за да можеме да ги вклучиме во нашиот месечен преглед.
- Направете возење на изгрејсонце или зајдисонце
Овој предизвик го оддалечува фокусот од правење многу километри и го става акцентот на правење нешто малку поразлично со возењето. Доказ за овој предизвик е фотографија од изгрејсонце или зајдисонце со вашиот велосипед или вие во кадарот. Затоа, пронајдете соодветно место, проверете ги времињата на изгрејсонце и зајдисонце, испланирајте соодветно возење и уживајте.
- Возете секој ден цела недела
Воспоставете навика да возите секој ден и километри поминати на велосипед брзо ќе се зголемат. За овој предизвик треба да возите секој ден од понеделник до недела и секое возење треба да биде минимум 15километри или еден час.
Едвај чекаме да ги видиме вашите фотографии и да ги прикажеме на Интернет. Испратете ги на @mtboxygen / https://www.facebook.com/cyclingcluboxygen и задолжително пишете неколку информации за локацијата и зошто ја одбравте.