Доколку сте почетници во овој спорт треба со сигурност да знаете дека ве очекуваат многу неверојатни авантури. Па, затоа ние сме тука сме да ви помогнеме во тоа.
Заборавете на правилата! Возењето велосипед треба да биде забавно, а за да можете да се забавувате ние ќе ви ги кажеме најдобрите совети за почетници.
Ова не се правила туку се само совети и едноставни предлози што ќе го направат возењето посигурно,пријатно и забавно!
- Изберете го вистинскиот велосипед и правилно поставете ја висината на вашето седиште!
- (Доколку чувствувате болка во предниот дел на коленото вашето седиште може да е прениско. Ова е честа грешка кај почетниците поради тоа што повеќето луѓе се чувствуваат поудобно и посигурно ако со нозете можат да ја допрат земјата. Но, тоа може да ве изложи на ризик од повреда).
- Создадете навика !
- Вашите први возења може да бидат тешки - вашето тело се прилагодува на стресот од тотално нова активност. Но, како и сите работи во животот, се постигнува вистински напредок кога ќе се држите до него на долг рок. Првиот чекор да се направи навика за возење е да се биде реален. Не очекувајте дека магично ќе станете утринска личност само затоа што имате нов велосипед или планирате да возите 100 км . Започнете со мали дистанци.
- Бидете безбедни на велосипедот!
- Сите знаеме колку е важно носењето на кацигата за време на возењето, затоа една од основните работи кои што треба да ги имате пред да почнете со педалирање е кацига. Секогаш следете ги локалните закони за сообраќај додека возите - ова вклучува целосно запирање на сите знаци на застанување и црвени светла (дури и на групни возења) и користење соодветни рачни сигнали при промена или свртување на коловозната лента.
4.Пронајдете го вашиот стил на возење
- Како што поминувате сè повеќе време на велосипед, ќе дознаете повеќе за вашиот личен стил на возење и преференциите. Можеби обожавате да возите неконкурентно со група или повеќе сакате да одите во соло авантури. Можеби ќе се пронајдете како копнеете да се тркате или пак едноставно ќе го користите вашиот велосипед како превозно средство до работа секој ден. Постојат бесконечни начини на возење и уживање во возењето - потребно е само малку обиди и грешки за да се пронајдете.
или
- Пронајдете група
- Велосипедизмот е индивидуален и групен спорт. Сигурно можете да возите и да постигнувате цели соло, но возењето со група може да биде помотивирачки. Многу градови имаат велосипедски групи /клубови кои организираат групни возења, формирани да ги учат почетниците велосипедисти на групни возења и да ги покажат локалните патишта. Овие групни возења можат да бидат доста забавни и мотивирачки.
Ако ви е прв пат да возите во група, држете се од задната страна на групата, набљудувајте и побарајте помош ако ви треба.
- Одржувајте го вашиот велосипед
- Не мора да бидете професионалец за да се грижите за основните работи на вашиот велосипед. Рутинското одржување - како подмачкување на вашиот ланец ,чистење на велосипедот- не само што ќе ви заштеди пари, туку исто така и ќе го продолжи векот на вашиот велосипед и компонентите.