Во организација на ПВК Оксижен и Велосипедска федерација во недела на 21.07.2019 во Куманово ќе се одржи натревар во планински велосипедизам.
Трката ќе се бодува за ранг листа и учество ќе земат голем број лиценцирани велосипедисти како и рекреативници.
Ве покануваме во недела да придонесете на масовноста на настанот и да присуствувате на најатрактивната патека во Македонија и со тоа да покажеме на светот дека планинскиот велосипедизам во Македонија има што да покаже !!!
Ги повикуваме и охрабруваме сите љубители на планинскиот велосипедизам кои што се во можност во недела да учествуваат на трката во Хоби категорија со старт во 11 часот!!!