Во Април месец се одржа првиот натпревар во крос кантри планински велосипедизам во рамки на македонската велосипедска лига на велосипедската федерација на Македонија. На најтешката и најтехничката патека од серијата натпревари во рамки на лигата натпреварувачи ја тестираа својата спремност после зимскиот период и базичните тренинзи. Условите беа одлични и натпреварот помина во најдобар ред. Сите тимови и натпреварувачи присуствуваа на трката а имаше и голем број рекреативци кој ги тестираа своие можности на оваа патека.