На падините на с.Кучково во општина Ѓорче Петров се одржа крос кантри трка во рамки на македонската вело лига во планински велосипедизам. Традиционално на патеката која е доста брза и нема премногу технички побаравуња натпреварувачите се движеа брзо и се бореа до самиот крај. Детската трка исто така беше организирана за најмалите љубители и на кој исто така им беа доделени награди за нивното учество .