Оваа година во јули месец во организација на Оксижен се одржа државното првенство на Македонија во крос кантри. Натпреварот се одржа во Куманово на локалитетот студена вода во малку видоизменета патека од таа во Април месец кога исто така Оксижен организираше трка во Куманово. Со оглед на тоа дека се работеше за државно натпреварување и натпреварувачите се бореа за државен првак натпреварот помина тензично во однос на борбата за првите места а публиката уживаше и ги бодреше натпреварувачите. На крај сепак дружбата беше заедничка меѓу сите натпреварувачи.