Живее и работи во Скопје како анестетичар во Оперативна сала за Кардиохируршки болести во приватна клиника. Првата професионална трка ја има извозена на 31 година и одтогаш наваму постигнува високи резултати во границите на Маедонија и поширокиот регион.Покрај работните обврски изнаоѓа и време да се бави со велосипедизам како возач во клубот Оксижен и тренер. Пред се се залага за ферска игра и ферска победа. Од 2011 до 2015 е член на клубот Енерџи од Скопје, за да во 2016 влегува во Клубот Оксижен а воедно и започнува како тренер на некои од членовите на клубот. Во 2018 поради работните обврски решава да направи едногодишна пауза. Од 2012 па до денес е претставник на Македонија како член на Македонската репрезентација за планински велосипедизам.
Лични податоци |
|
Место на живеење: Скопје | Тежина: 57 |
Место на раѓање: Тетово | Висина: 168 |
Националност: Македонка | Тим: OXYGEN |
Дата на раѓање: 05 Март 1979 | Категорија: Elite |
Социјални медиуми: https://www.facebook.com/aneta.antovska www.instagram.com/aneta_antovska |